понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 21
home Вести

Во Македонија 19 починати од корона за само една недела, Заев упорно сака избори

Во Македонија 19 починати од корона за само една недела, Заев упорно сака избори

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се брза да има избори. Додека граѓаните водат битка за сопственото здравје, екс-премиерот води битка за нивните гласови.

Предвремените парламентарни избори беа закажани за 12-ти април годинава, но се случи пандемија на коронавирус. Секојдневно расте бројот на заразени и починати во Македонија, народот живее во страв, илјадници луѓе останаа без работа и средства за егзистенција, загрижени се граѓаните за сопственото здравје и за здравјето на своите најблиски. Но, единствената грижа на Заев во моментов е како да протурка избори во најкус можен рок.

Бидејќи на секој разумен човек сигурно не му е јасна оваа неразумна и бесрамна идеја, анализираме зошто Заев толку сака избори. Истовремено доаѓаме до одговорот на прашањето: Зошто тие избори не треба да се случат брзо.

Македонија е на врвот на црните статистики по најголем број на жртви од коронавирусот во регионот. Земјава е под строги мерки, вонредна состојба, полициски час. Коронавирусот зема жртви. Секое групирање на повеќе луѓе е ризик за здравјето на македонските граѓани.

Ако изборите се одржат за кус временски период од сега, тоа ќе биде директно загрозување на здравјето на граѓаните и ризик од губење на повеќе животи.

Стравот кај народот нема брзо да помине. Тоа ќе резултира со досега незапамтена ниска излезност на изборите. Со мал број на гласови е полесно да се манипулира. Кому му одговара тоа? На политичар соочен со сите анкети кои му покажуваат дека народот нема доверба во него и дека граѓаните се разочарани.

Зоран Заев знае дека граѓаните ги помнат сите негови лажни ветувања кои ги даваше пред претходните избори и не ги исполни. Довербата ја загуби бидејќи докажа дека ветуваше се и сешто за да седне на фотелја. Потоа ги заборави.

СДСМ забрзано се подготвува за избори. Иако од сите страни укажуваат дека сега не е време за избори и оти приоритет единствено треба да биде здравјето на луѓето, Заев и соработниците единствено мислат на избори. И не само што мислат, туку и се сериозни да ги организираат веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

Настрана од мислењето на Комисијата за заразни болести, експертите, ставот на ДУИ, на граѓаните. Според официјалните податоци, досега од корона се починати 84 пациенти, од 19 само последнава недела.

Власта е свесна дека ја губи довербата кај народот и со избори сака колку-толку да го пречи падот а потоа со „мешетарење“ и купување пратеници уште еднаш да се обиде да состави влада.

Но, сега работите се поинакви и малку е веројатно дека планот на Заев ќе успее уште еднаш.

Зошто не е време за избори

Има повеќе причини зошто сега не е време за избори. Најважната е дека короната нема туку-така да исчезне и оти има опаснот да има новозаболени токму пред и за време на денот на гласање. Кој може да гарантира дека гласачите нема да се заразат токму на денот на гласањето. Кој ќе ја сноси одоговрноста за тоа, Заев?

Но, планот на лидерот на СДСМ е поинаков. Тој сака да го искористи стравот кој владее кај луѓето, посебно кај постарите и пензионерите и тие воопшто да не излезат на гласање. Ниска излезност составено најмногу од партиски послушници и вработени во јавната администрција по директива на власта одат во прилог единствено на СДСМ.

Деновиве сме свдоци дека фамилијата Заеви дели пакети храна под превезот на хуманитарна помош. Можеме само да замислиме што ќе прават пред избори во ситуација кога нема да имаат никава контрола.

Контрола не може да има бидејќи за толку кусо време не може да има домашни и странски набљудувачи кои би го мониторирале не само денот на гласање туку и целиот предизборен период. Страв ќе има и кај избирачките одбори, голем дел составена и од луѓе вработени во администрацијата но и од здравствениот сектор.

И она што е најважно, е понижувачкиот однос на власта кон хероите во време на корона кризата-а тоа се докторите.

Тие сега се на првата линија во одбрана на здравјето на луѓето а Заев сака да го ослабе нивниот капацитет и наместо на излекување на постоечките да се се борат со новозаразени, само поради планот на власта сега да има избори.

ЕУРО 2020

Македонија