четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Вести

„Во Кузман избираат папа“ – првата активност од Планот за чист воздух на владата издиша мазут

„Во Кузман избираат папа“ – првата активност од Планот за чист воздух на владата издиша мазут

Зимата е на самиот праг, а граѓаните веќе се жалат на загадениот воздух. Утрово црн чад се крена над студентскиот дом Кузман Јосифоски – Питу, што навлече дополнителен револт кај граѓаните кои што бараат од локалните и централната власт итно да се реши проблемот со загадениот воздух.

Имено на сликата која што најпрво ја објавија на социјалните мрежи се гледа дека системот за греење на мазут во домот се уште е во функција и покрај тоа што во февруари оваа година се потпиша меморандум за соработка меѓу студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и АД БЕГ Скопје со цел замена на системот за греење во студентскиот дом од нафта за греење односно мазут со приклучување кон системот на централно греење.

Тогаш, директорот на домот Дарио Николовски изјави дека со приклучување на студентискит дом кон централниот систем на греење придонесува за почиста животна средина, но и како што рече за намалување на трошоците за греење на домот за околу два милиони денари годишно.

Но, денеска Николовски како причина за неисклучувањето на системот за мазут рече дека е поради тоа што владата им дала 80 илјади литри екстра лесно и само поради тоа се грееат на мазут.

Го исклучувавме системот на мазут и на крај испушти црн чад. Додека да се спроведе целосно постапката за поставување на централното, од владата добивме 80 илјади литри екстра лесно и ќе се грееме со тоа. Во моментот кога ќе заврши зафатот, ќе бидеме конечно на гас. Се работи за три проекти. Освен тоа што се греевме на мазут и кујната ни беше на мазут, и затоплувањето на санитарната вода со која што се тушираат студентите ни беше на мазут. Заврши ревизијата, наредната седмица се пушта јавниот повик и останува само да се спроведе“, истакна Николоски за „Фокус

Зошто владата им дала мазут на студентскиот дом Кузман Јосифоски Питу кога знае дека со тоа се загадува воздухот останува нејасно. Но, уште еднаш се потврдува дека владата нема соодветни мерки за намалување на загадениот воздух како и  заштита на граѓаните и грижа за нивното здравје.

Откако утрово граѓаните на главниот град се пожалија на кревање на црн чад од оџакот на Студентскиот дом  „Кузман“, со ширење на миризбата и зголемување на и така големиот број на штетни честички во воздухот во Скопје.

Подоцна  Претседателот на Државниот студентски центар „Скопје“ , Дарио Николовски даваше објаснување за слученото, тој вели дека го исклучувале системот за мазут и на крај истиот испуштил црн чад.  Тој исто така вели дека од Владата добиле 80 илјади литри екстра лесно гориво и ќе се грееле со тоа, во моментот кога ќе заврши зафатот, ќе се префрлат на гас.

Наредната седница се пушта јавниот повик и останува само да се спроведе вели Николовски, но ако го земе предвид фактот дека неговите најави во јуни годинава, дека Државниот студентски центар е прв којшто се вклучил во Планот за чист воздух на владата и институција којашто ќе ги намали трошоците за греење, а од исто време добиват 80 илјади литри гориво од владата.

Се доцни заради административни процедури, БЕГ изготвил проект, па се повлекол, сега мора да се направи негова ревизија, па на крај да се распише тендер за избор на фирма која што ќе го воспостави предвидениот нов систем за греење.

Од Здруженијата за заштита на животната средина има огромни реакции Иницијативата 02 вели дека ова било ветено како ПРВА активност кој аќе се реализира во рамки на Планот за чист воздух. Реакции има и од граѓаните на социјалните мрежи.

По кој ред ветување ќе биде ова кое што повторно не е реализирано од страна на владата.

Во време кога загаденоста на градот е највисоко ниво, ова е само доказ за институционална негрижа и неспособност на владата да ги реализира оние проекти кои ги вети пред граѓаните.

 

Коронавирус