понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 99
home Вести

Во Кривичниот суд продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.

Судечкиот совет во предметот „27 април“ донесе одлука да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата задравствена состојба.

За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

Коронавирус