петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 64 пациенти, а вкупно се лекуваaт 697 болни

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 64 пациенти, а вкупно се лекуваaт 697 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 1 бил примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 5 нови болни, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 53 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 287 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 65 пациенти. На Клиниката за детски болести има 23 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Вкупно 697 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Коронавирус