понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти
МИА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, еден пациент на ОРЛ, тројца на Клиниката за нефрологија и двајца на Клиниката за очни болести.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а шест на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 26 болни.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои 7 деца и 21 возрасен.

Вкупно 443 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Коронавирус