петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти
МИА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Очни болести, на Клиниката за Кожни болести и на Клиниката за Неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за Нефролигија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, исти толку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.

Вкупно 374 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Коронавирус