сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 85
Во живо

30-та Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 12 пациенти, а вкупно се лекуваaт 193 болни, сомнителни и потврдени за Ковид 19

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 12 пациенти, а вкупно се лекуваaт 193 болни, сомнителни и потврдени за Ковид 19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 10 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 45 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Вкупно 193 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

ЕУРО 2020

Македонија