петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Во кампања ветуваше чист воздух со смешни изјави, а народот му се гуши: „Ајро, ајро“ наместо аеродромци, денес извикуваат сите граѓани

Во кампања ветуваше чист воздух со смешни изјави, а народот му се гуши: „Ајро, ајро“ наместо аеродромци, денес извикуваат сите граѓани

Зоран Заев и неговите сопартијци, на парламентарните и локалните избори, на граѓаните им ветуваа чист воздух.

Пред два дена Скопје беше најзагаден град во светот, а Македонците од останатите градови исто така дишат отров.

Меѓу скопските општини кои се најзагадени е опшината Аеродром. Граѓаните од населбите во оваа општина се жалат дека не можат да излезат ос двоите домови бидејќи загаденоста на воздухот им го отежнува дишењето.

Токму во општина Аеродром, Заев промовирајќи ги Златко Марин и Петре Шилегов, ветуваше чист воздух, а на таа тема и најмногу ги критикуваше нивните противници.

На овој митинг настана и “славната“ изјава на Заев:

-Нема воздух, а велат ајро, ајро, Ајродром, ајро, воздух. Го снема воздухот, истакна тогаш Заев.

Оваа негова изјава стана мета на посмев иако ситуацијата денес воопшто не е смешна. Додека власта и локалната самоуправа не превземаат ништо, граѓаните се гушат. Затоа, нека ја погледне премиерот сопствената изјава бидејќи граѓаните му патат по чист воздух.

Коронавирус