петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Во изолација се 64 здравствени работници од Кожната клиника и 24 пациенти

Во изолација се 64 здравствени работници од Кожната клиника и 24 пациенти

Во домашна изолација се 64 здравствени работници вработени на Клиниката за кожни болести. Од 104 добар дел се здравствени работници кои присуствувале на стручното предавање и 24 пациенти, 13 кои биле хоспитализирани и 11 кои биле во дневната болница.

Во изолација е и матичниот лекар од Дебарската болница кој првично ги прегледал сопружниците кои се межу заболемите од коронавирус, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче во вестите на Сител телевизија.

Посочи дека ги исконтактирале сите со кои директорката од Клиниката, која е четврти случај на заболен со коронавирус, била службено во комуникација оваа измината недела.

–Клиниката за кожни болести ќе биде затворена, пациентите ќе се пренасочат кон другите одделенија за дерматовенерологија кои ќе функционираат во градот и ширум државата. Сите пациенти се прегледани, кои можат да примат домашна терапија и се пратени на домашно лекување и здравствен надзор. Исконтактирани се и сите колеги кои присуствувале на семинарот во саботата. Добро е што станува за патологија што може да се третира и одложено, значи нема потреба од итност. Но, за некои итни потреби имавме комуникација со колегите од кожната Клиника кои можат да направат систем на ротација имајќи ги предвид колегите кои не присуствувале на тие настани, значи тоа се пред се дел од колегите од ГОБ „8 Септември“, рече Филипче.

Потенцира дека не е точно дека било пријавено во Министерството за здравство дека директорката на Клиниката за кожни болести се вратила од Италија.

–Навистина чувствувам голема разочараност за ова што се случи покрај оваа напорна 24-часовна работа овие изминати недели. Најмалку што оекувавме некој што доаѓа од фелата да не ги почитува препораките. Ќе бидат преземени соодветни мерки. Сега во овој изборен период гледаме кои се можностите. Сега Клиниката и нема да работи меѓутоа во првиот момент директорката ќе биде суспендирана. Исконтактирав со партиското раководство директорката во изминатата недела немала партиски активности, додаде Филипче.

Коронавирус