сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во ист ден починаа родените сестри Татјана и Леонија Атанасови

Во ист ден починаа родените сестри Татјана и Леонија Атанасови

На 21 октомври изутрина 2020 година по кратко боледување во ист ден починаа двете родени сестри и сестри Евхаристинки, с. Леонија и с. Татјана, јавува сајтот католици.мк.

Сестра Леонија е погребана денес, среда 21 октомври 2020 година во 16.00 часот на Католичките гробишта во Струмица.

Погребот на сестра Татјана е во четврток 22 октомври 2020 година на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје со почетокот во 13.30 часот.

Сестра Леонија долги години работеше во Очното одделение при Општа болница Струмица, додека с. Татјана го водеше Катедралниот хор во Скопје.

Сестра Татјана беше активна на социјалните мрежи кате постојано упатуваше пораки со љубов и беше борец против промената на македонското име и идентитет.

Според сајтот “Срце Исусово” редот на сестрите Евхаристинки е ред кој се создал во Македонија.

Основачи се братот и сестрата Јосиф и Еврозија Алоати од Италија. Заедницата е основана на 21 април 1889 година во Солун.

Главната харизма на заедницата е запознавање на Христос во Пресветата евхаристија, молитва за единство на Христовата Црква особено меѓу источните народи, христијанско воспитување на деца и млади и помош во парохискиот пасторал.

Заедницата во Скопје е основана во 1973 година и служи како провинцијална куќа во која се сместени кандидатура, постулатура и новицијат. Сестрите Евхаристинки се вклучени во пасторалниот живот и во работата на хуманитарната организација Каритас.

Коронавирус