вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКА СОСТОЈБА: Лекарите се борат за 6 животи, меѓу нив дете и бремена жена

ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКА СОСТОЈБА: Лекарите се борат за 6 животи, меѓу нив дете и бремена жена
ФОТО:360 СТЕПЕНИ

Шест лица се наоѓаат во тешка состојба по вчерашната експлозија на плинска боца во семејна куќа во Романовце, при што животот го загубија четири лица, меѓу кои три деца.

Според денешните изјави од директорите на ТОАРИЛУЦ и ЈЗУ Универзитетска клиника за хирушки болести „Св.Наум Охридски”, најголем дел од хоспитализираните пациенти се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

Во овие две болници хоспитализирани се едно 10 годишно дете, четири жени од кои едната е бремена и еден маж.

Во Старата градска болница се примени две жени, едната бремена, и 10 годишно дете.

Жената на возраст од 31 година и детето се во тешка состојба со висок процент на изгореници, приклучени на апарати за вештачко дишење.

-Жена (31) има изгореници од 80 проценти и е во крајно тешка состојба. Приклучена е апарати за вештачко дишење и има изгореници на дишните патишта. Втора пациентка има 28 години, таа е со 25 проценти изгореници по телото од втор степен, а потешка околност е тоа што е бремена во седми месец. Десет годишно детенце има 70 проценти изгореници и за жал е во тешка состојба на апарати за дишење, истакна Арсенков.

Во тешка и критична состојба се тројцата пациенти кои се хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ . Директорот на ТОАРИЛУЦ Хасани денеска информираше за состојбата двете жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.

-Двете жени се во тешка и критична состојба. Се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници со над 80 проценти, додека мажот е отприлика со изгореници од 45 проценти. Тројцата пациенти се на апарати за вештачко дишење со тешка и критична состојба, истакна Хасани.

Синоќа на КАРИЛ на повредите им подлегна 60 годишен маж. Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која вчера загинаа деца на возраст од 8, 9 и 11 години.

Коронавирус