петок, 7. мај 2021. Вести денес: 88
home Вести

Во Градскиот парк одбележување на Европската недела на имунизација

Во Градскиот парк одбележување на Европската недела на имунизација

Министерството за здравство денеска во Градскиот парк организира забавно-едукативен настан по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација.

На настанот ќе учествуваат деца од повеќе градинки и училишта од Скопје, деца од хорот „Златно славејче“ и анимирани ликови. Најавено е обраќање на министерот за здравство Венко Филипче.

Европската недела на имунизација годинава се одбележува по 13 пат во периодот од 23 до 29 април под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“.

Коронавирус