среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во ГОБ „8 Септември“ ќе се хоспитализираат пациенти со коронавирус ако имаат потреба од други интервенции

Во ГОБ „8 Септември“ ќе се хоспитализираат пациенти со коронавирус ако имаат потреба од други интервенции

Денеска е направен план за ставање во функција и на дел од болницата „8 Септември“ за случаи што се сомнителни или се со дијгностицирана корона, а им е потребна друг тип интервенција, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче информира и дека во Дебар, каде состојбата е засега најалармантна, од утре ќе се упатат уште еден пулмолог и еден педијатар.

-Посебна комисија составена од директори на повеќе клиники и од претставници на Комисијата за инфективни болести ја постија болницата „8 Септември“. Се утврди патот на движење на пациентите, обезбедени се посебна операциска и посебна ангиографска сала, Кабинет за ехо дијагностика и цел посебен оддел со 22 кревета и две респираторни машини, истакна министерот.

Коронавирус