недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Во Германија се продава “Северномакедонско” вино од Македонија (ФОТО)

Во Германија се продава “Северномакедонско” вино од Македонија (ФОТО)

Македонски активист објавува амбалажа за македонско вино кое се продава во Германија.

На етикетата е напишано дека се работи за вино од видот “Розе” од “Република Северна Македонија” од 2018 година.

На амбалажата нема ознаки за компанијата што го произведува виното кое е македонско но ако фразата се толкува како придавка е означено како “Nordmazedonien” или Северномакедонско.

На графиката од етикетата е поставено и стилизирани сонце од Кутлеш или Вергина како што го означуваат во Грција.

Според правилата на германскиот јазик и други северно-европски јазици зборовите северна и Македонија се претвараат во еден збор што значи Северномакедонски.

Македонската влада пред и по потпишување на Преспанскиот договор тврдеше дека со промена на името нема да се промени придавката Македонски/а/о без притоа да ги анализира спецификите на европските и светските јазици.

Коронавирус