петок, 25. септември 2020. Вести денес: 170
home Вести

Во Геријатриската болница уште 10 нови позитивни на Ковид-19, вкупно 17 пациенти заразени, од нив тројца вработени

Во Геријатриската болница уште 10 нови позитивни на Ковид-19, вкупно 17 пациенти заразени, од нив тројца вработени

Нови 10 пациенти со Ковид-19 се дијагностицирани во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, потврди за МИА министерот за здравство Венко Филипче.

– Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата, рече Филипче.

Директорката на болницата, Салија Љатиф Петрушовска за МИА изјави дека ситуацијата е под контрола, херметички е затворен одделот на третиот кат, а извршена е и вонредна дезинфекција.

– Заболените се во добра здравствена состојба и се без симптоми. Откриени се преку скрининг, кој го направи болницата. Со новите случаи, вкупно 17 пациенти се позитивни на Ковид-19, како и тројца вработени во болницата, додаде д-р Салија Љатиф Петрушовска.

Од болницата преку соопштение информираа дека од вкупно 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца асимтоматски пациенти се префрлени за лекување во Ковид центарот во рамки на болницата Козле.

Коронавирус