четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Вести

Во ек на корона епидемијата се намалува медицинскиот кадар во ГОБ „8 Септември“, анестезиолози дале отказ

Во ек на корона епидемијата се намалува медицинскиот кадар во ГОБ „8 Септември“, анестезиолози дале отказ

Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со Ковид-19 останува без двајца анестезиолози од вкупно 13 кои одлучиле да ја напуштат ГОБ „8 септември“ и да заминат на работа во приватна болница.

Оваа информација ја потврдил директорот на болницата Христијан Костов.

Анестезиолозите во петокот пуштиле барање за да им се потпише отказно решение до Костов, директорот на болницата ГОБ „8 септември“ која е позната како ковид центар и во која од почетокот на пандемијата па до сега се носат најтешките случаи.

Анестезиолозите управуваат со респираторите, а дневно во Градската општа болница „8 септември“ на респираторна машина се ставаат 8 или 9 пациенти заразени со корона вирус, кои се наоѓаат во најтешката фаза.

Коронавирус