понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 126
home Вести

„Во Дрисла се складира опасен отпад кој го загадува воздухот во Скопје, одговорност од Шилегов нема“

„Во Дрисла се складира опасен отпад кој го загадува воздухот во Скопје, одговорност од Шилегов нема“

Власта на СДСМ, на чело со Шилегов и Заев свесно ги загрозува животите на граѓаните. Ветувањето на најголемиот неработник Шилегов за решавање на проблемот со загaдувањето на Скопје сеуште не е решен и претставува сериозна закана за здравјето на скопјани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера имавме јавно признание на Државниот инспекторат за животна средина дека во Дрисла се одложува опасен отпад. Депонијата Дрисла изминатиот период многу често се палеше и согоруваше овој опасен отпад, а скопјани дишат загаден воздух. Шилегов молчи и се крие. Дали зад ова се кријат бизнис интересите на мафијата на власт, велат тие.

Од партијата посочуваат дека заради бизнис интересите и малверзациите во раководењето со депонијата на скопјани со години се трујат со канцерогени честички и дека ова е причината поради која Скопје со недели беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот.

– За ова, како што и самиот Шилегов си призна пред повеќе од една година, дека тој ќе одговара заради неисправното работење со депонијата Дрисла. Уште два месеци останаа од ова неодговорно и криминално владеење на Шилегов. За сите лажни ветувања и за целиот криминал кои го има направено граѓаните ќе му го испорачаат одговорот. Петре Шилегов за два месеца заминува во историјата на Скопје како најнеспособен градоначалник, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус