среда, 2. декември 2020. Вести денес: 208
home Вести

Во Делчево денеска беше одбележана 148 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Во Делчево денеска беше одбележана 148 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Со пригодна свеченост денеска 04.02.2020 година во Делчево беше одбележана 148 годишнината од раѓањето на идеологот на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Пред Споменикот на патронот на Делчево во центарот на градот беше достојно одбележан овој значаен ден кој го празнуува општината.

На почетокот на свеченоста беше прочитан Реферат за ликот, делото и значењето на Гоце Делчев во интерпретација на членовите на Културно-уметничкото друштво Гоце Делчев од Делчево.

Потоа од страна на новинарот, наставник, публицист и автор на голем број дела со роднокрајна тематика, Васил Маневски беа прочитани две литературни творби пред споменикот на Гоце Делчев, пред присутните гости на настанот.

Потоа делегации на општина Делчево, локални институции и организации положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.

ИЗВОР: БРЕГАЛНИЧКИ.МК

Коронавирус