петок, 23. април 2021. Вести денес: 40
home Вести

Во декември лани издадени 305 одобренија за градење

Во декември лани издадени 305 одобренија за градење

Во декември 2020 година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 6,6 проценти повеќе во однос на декември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 727 211 000 денари, што е за 7,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 181 (59,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (12,1 процент) од нискоградба, а 87, односно 28,6 проценти за објекти за реконструкција.

Кај 192 објекти инвеститори се физички лица, а на 113 (37,1 процент) инвестираат деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 372 станови, со вкупна корисна површина од 32 203 метри квадратни.

Коронавирус