понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 59
home Вести

Во четврток ќе се знае како ќе функционираат градинките

Во четврток ќе се знае како ќе функционираат градинките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека утре продолжуваат состаноците и, веројатно, в четврток ќе биде донесена дефинитивна одлука за функционирање на градинките.

– Во однос на отворање на градинките, имавме интензивни состаноци и вчера и денеска. Беа присутни претставници и на градинките, државните и на приватните, на состанокот на Комисијата за заразни болести. Утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за функционирање на градинките, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе почнат со работа градинките.

Филипче посочи дека сите одлуки се носат координирано, што значи дека ако некој остане дома, како што рече, поради потреба да остане дома, ќе се продолжи породилното отсуство.

Коронавирус