недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

„Во Центар“: Дали Заев подготвува државен удар во Србија?

„Во Центар“: Дали Заев подготвува државен удар во Србија?

Во најновото издание на емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов, премиерно прикажана вчера, со гостинот Драган Вучичевиќ, се анализираше информацијата објавена во медиуми во соседството за наводни тајни белешки од состанок во Скопје на кој се ковал план за рушење на власта во Србија.

Според „Информер“, овие белешки шпиун на бугарските служби ги пратил во Софија, а од таму се проследени до српските служби од каде и доаѓа информацијата до медиумот.

-На 8 февруари во Скопје во една од резиденциите или канцеларии на Зоран Заев е оддржан состанок на кој присуствувале Драган Ѓилас- тајкун, човек кој ја предводи опозицијата во Србија, Зоран Заев, Ерик Брнс и Зоран Башановиќ. Таму многу отворено разговарале за тоа како да се радикализираат протестите во Белград, како да станат помасовни и како да се смени власта во Србија… Зоран Заев во еден момент му рекол на Ѓилас: „Мојот пријател Харадинај е подготвен делумно да го финансира падот на Вучиќ, ако вие се обврзете веднаш да го признаете Косово после доаѓањето на власт“. Таа реченица кажува се, вели Драган Вучичевиќ меѓу другото.

Повеќе детали во целата емисија – погледнете ја: