Што е заедничко за Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министерката за енергетика на Република Бугарија, Теменужа Петкова?! Најверојатно ништо. Сигурно Рашковски не ни чул за неа, ниту пак ја познава. Но, по едно нешто се разликуваат- по тоа што Петкова си поднесе оставка од министер во Владата на Бугарија поради наводна блиска поврзаност на една од компаниите која учестува во огромен купопродажен договор за промена на сопствеништвото.
Имено, Петкова беше обвинета дека е кума на сопственичката на приватна фирма која се занимава со енергетика, а за која чешката фирма ЧЕЗ е спремна да ја купи. Фирмата која сака ЧЕЗ да ја купи е “Инерком Бугарија“ која е формирана во Септември 2017-тата година со капитал од 50 илјади бугарски лева.
Имено ЧЕЗ е една од најголемите добавувачи на електрична енергија во Бугарија и учестува значително во тамошниот пазар. Иако ова е договор помеѓу две приватни компании од владеачката ГЕРБ се изјаснија дека не треба да има никаков сомнеж. Она што е најинтересното е што кумска врска помеѓу Петкова и споственичката на приватната фирма Гинка Варбакова нема. Но сепак таквото поврзување ја остави Петкова без работа.
– “Јас ги знам овие луѓе 20 години но јас не сум нивна кума. И бидејќи не сакам повеќе да се зборува за било каква врска со нив и да има некакви сомнежи дека ќе интервернирам во името на премиерот одлучив дека вреди да се даде оставка“ рече Петкова.
Во Македонија, Рашковски си го вработи речиси цело семејство. Прво ја вработи мајката на неговата сопруга и тоа на 2 работни места. Под притисок на јавноста таа се откажа од едното место. После се самоназначи во одборот на Телеком. И таму под притисок на јавноста се откажа. И тоа не му беше доволно на Рашковски па затоа на својот најдобар пријател на кој воедно му бил и сведок на свадба Дејан Костиќ,му овозможи да биде адвокат на неколку институции во вредност од илјадници денари. И исто така под притисок на јавноста го раскина тој договор и го вдоми како адвокат на ЕЛЕМ. И после ова Рашковски не запре. Ја вработи и жена му на Костиќ и тоа токму во ресорот кој тој го води во Генералниот Секретаријат.
И покрај ваквите скандали Рашковски нема доблест да си поднесе оставка. Скандалите што ги има оваа Влада секој ден се поголеми и поголеми. Непотизмот и корупцијата се широко распростанети.
Вработувањата на партиски членови, роднини, пријатели никако да запрат. Не треба да се гледаат западните земји како се однесуваат кога вакви скандали ќе излезат на виделина. Доволно е Рашковски погледот да го сврти кон Бугарија и да види како таму министрите се однесуваат се со цел да го зачуваат уледот и дигнитетот на Бугарската влада.