среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 39
home Вести

Во болниците во Македонија има 364 пациенти со Ковид-19

Во болниците во Македонија има 364 пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти, со што вкупно на оваа клиника се хоспитализирани 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 5.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Коронавирус