среда, 30. септември 2020. Вести денес: 157
home Вести

Во Берово измерени минус 12 степени

Во Берово измерени минус 12 степени

Најниска температура изутрина во седум часот е измерена во Берово, каде се регистрирани – 12 степени, по што следуваат Лазарополе со -9, Скопје Петровец и Маврово со – 8, Крива Паланка со – 7. Во Тетово, Битола, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Куманово и Крушево се измерени -6 степени, – 5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија и Дебар, – 4 во Претор и Виница, -3 во Охрид, 0 степени во Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Ѓуриште има четири сантиметри снег, во Берово три, а во Попова Шапка два.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од снег главно со слаб интензитет. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 6 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне со услови за провејување на снег. Температурата до 2 степена.

УХМР најавува дека следува период на претежно облачно време со повремени врнежи со слаб, а на места и умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Утре слаби врнежи ќе има главно во претпладневните часови и ќе бидат претежно од снег. Во сабота поради благо затоплување врнежите во пониските места ќе бидат од дожд, но во недела претпладне висината на снежната граница повторно ќе се намали, а врнежите ќе бидат со умерен интензитет.

Коронавирус