четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Во 34 македонски општини нема гинеколог, жените во земјава не се рамноправни: Имаме ли што да си честитаме на празников?

Во 34 македонски општини нема гинеколог, жените во земјава не се рамноправни: Имаме ли што да си честитаме на празников?

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, објавија зошто денеска нема да им го честитаат на жените 8 Март.

Тие на нивниот Фејсбук-профил објавија 14 права на жените кои  уште во државата не се остварени и повикуваат да се започне со секојдневната борба за правда.

„Не Ви го честитамe 8 Март бидејќи живеете во земја каде:

1. Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог;

2. Затоа што половина милион жени на возраст над 12 години имаат ограничен пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита;

3. Затоа што Министерството за здравство не ја покрива партиципацијата за сите породувања во јавните здравствени установи во земјата;

4. Затоа што за пет години умреле 203 жени од кацрином на грло на матка, а Министерството за здравство и во 2019 година го намали буџетот за 2.8 милиони денари;

5. Затоа што жените, сексуалните и родовите малцинства се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат;

6. Затоа што правото на здравствена заштита на „помалиот“ етнички колектив во земјава разочарува;

7. Затоа што во период од 5 години се убиени 70 жени во земјава, од кои што 51 се жртви на фемицид;

8. Затоа што државата не превзема конкретни мерки за поддршка на жените жртви на семејно насилство откако ќе излезат од кругот на насилството;

9. Затоа што институциите не се транспарентни;

10. Затоа што е висока стапката на невработеност;

11. Затоа што жените не се заштитетни од сексуално вознемирување при работа;

12. Затоа што голем број судски постапки за семејно насилство немаат разрешница;

13. Затоа што нè сите деца се вклучени во образовниот систем;

14. Затоа што треба, а не сте рамноправни.

Затоа, време е сите да започнеме со секојдневната борба за правда„-порачува Тимот на ЕСЕ.

Локални избори 2021