петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 118
home Вести

Во 2019 година набавени се 6 возила за Итна помош, а во 2012 година набавени се 14 возила само за Скопје

Во 2019 година набавени се 6 возила за Итна помош, а во 2012 година набавени се 14 возила само за Скопје

Министерството за здравство денеска соопшти дека се набавени нови 12 возила на Итната медицинска помош. Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив.

При набавката на амбулантните возила министерството за здравство заштедило 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра. Постигнувајќи ја најниската цена, од предвидените 30 милиони и 500 илјади денари, за 12-те возила од буџетот на министерството, се издвоени 18 милиони и 300 илјади денари (без ДДВ). Дванаесетте нови возила за Итната медицинска помош ќе бидат пуштени во употреба за неколку денови, откако тие ќе бидат регистрирани.

За разлика од оваа набавка во 2012 година беа набавени 69 амбулантни возила од кои 144 беа само за Скопје.

 

Коронавирус