понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Внимавајте: Во вторник е голем празник, она што ќе го правите на тој ден ќе го правите во текот на целата година!

Следната недела на 2 јануари, според верскиот календар е „Свети Игнат“. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.
Внимавајте: Во вторник е голем празник, она што ќе го правите на тој ден ќе го правите во текот на целата година!

Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува цела година.

Значи каков ви е денот на 2 јануари таква ќе ви биде и годината.

Вистинските бадникови и божиќни обичаи почнуваат на овој ден и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.

Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.

Коронавирус