понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

ВНИМАВАЈТЕ: Речиси пет километарска колона пред започнувањето на полицискиот час на влезот на населбата Драчево (ФОТО)

ВНИМАВАЈТЕ: Речиси пет километарска колона пред започнувањето на полицискиот час на влезот на населбата Драчево (ФОТО)

Вообичаен метеж секојдневно има по скопските улици откако Владата ја воведе мерката на полицискиот час од 16 часот.

Во овие моменти речиси пет километарска колона има пред влезот во Драчево.

Автомобили, камиони и автобуси буквално се закрчени на улиците пред почнување на полицискиот час за точно еден час од сега.

Инаку освен пред влезот за во скопската населба Драчево ваков метеж секојдневно има речиси по сите скопски булевари и улици.

Коронавирус