четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 177
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

home Вести

Внимавајте, дожд и магла на дел од патиштата – АМСМ предупредува

Внимавајте, дожд и магла на дел од патиштата – АМСМ предупредува

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Како што информира АМСМ, слаб дожд врне низ цела Македонија, а поради магла видливоста на патниот правец село Лисец – Попова Шапка е намалена до 50 метри.

На некои патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ чии екипи се постојано на терен и ги одржуваат патните правци, апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Локални избори 2021