среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 123
home Вести

Внимателно возете: Пренасочување на обиколница поради градежни работи

Внимателно возете: Пренасочување на обиколница поради градежни работи

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: На 19.09.2020 година од 06:20 часот кај клучка Орман, на обиколница Велес-Тетово, поради изведување на градежни работи, сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат низ с.Волково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести

Коронавирус