петок, 18. септември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, изменет сообраќаен режим во следните пет дена

Внимателно возете на патот Струмица – Дабиле, изменет сообраќаен режим во следните пет дена

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

На магистралниот пат Струмица – Дабиле во тек е поставување на сообраќајна сигнализација по што ќе се воведе времена измена на режимот на сообраќај. Геодетски и геомеханички истраги ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 19:00 часот. Времетраењето на времената измена ќе биде 5 дена, односно почнувајќи од денес 18.11.2019 г. до 22.11.2019 г.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен , преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11 2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година. На овој линк повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

Коронавирус