понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Внимателно на патот Лисец-Попова Шапка, видливост до 50 метри

Внимателно на патот Лисец-Попова Шапка, видливост до 50 метри

Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Лисец-Попова Шапка, информира ЈП Македонија пат.

Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот.

Дожд врне во западниот и југо-западниот дел од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Коронавирус