сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 98
home Вести

ВМРО најави дека Лорета Георгиева ќе влезе во судскиот совет – Сопругата на првиот човек на Заев во Струмица ќе казнува и разрешува судии

ВМРО најави дека Лорета Георгиева ќе влезе во судскиот совет – Сопругата на првиот човек на Заев во Струмица ќе казнува и разрешува судии

Судијката Лорета Георгиева од Струмица, сопруга на директорот на комуналното претпријатие во градот и десна рака на Зоран Заев како што и најави ВМРО-ДПМНЕ пред само неколку дена, влезе во судскиот совет, пишува Сведок.

Лорета Георгиева е сопруга на Зоран Ѓоргиев, кој пак, од своја страна, му бил советник на градоначалникот на Струмица. Георгиева станува судијка по многубројните партиски перипетии во времето кога Судскиот совет беше под целосна контола од Ленче Софрониевска и на туркања токму од Зоран Заев, тогаш тазе градоначалник и Цветанка Иванова, сега е генерален секретар во Собранието и важи за десна рака на Талат Џафери. Па оттука е очигледно дека Георгиева напредува само кога Заев, Иванова и струмичкото лоби се значајни фактори.

На изборите за 5 места во Судскиот совет, од Врховниот суд е избран штипскиот судија Киро Здравев, кој ја победи Лидија Неделкова, екс претседтелка на Врховен суд. За Здравев гласале 9 судии, за Неделкова 6. Две ливчиња биле неважечки, а двајца од вкупно 19 судии не гласале. Од штипското подрачје, каде што имаше 5 кандидати, очекувано победи судијката од Струмица Лорета Георгиева, која ја поврзува пријателство преку нејзиниот сопруг со премиерот Зоран Заев, напиша порталот сведок.мк.

На гласините за поставувањето на Георгиева пред некој ден алармираше и ВМРО- ДПМНЕ, од опозицијата тогаш кажаа:

– За жал гледаме дека последните две години судството е многу далеку од европските стандарди, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша во изборот на Судскиот совет, но сепак потребно е да се дојде до одговор дали нечиј фаворит е избран и дали изборот е завршен, и отворено ќе прашаме дали судијата Лорета Георгиева од Струмица е главниот фаворит за судскиот совет, вели изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека со оглед на сите претходни оценки за клиентелистичкото Кацарска судство и нарачаното Рускоска обвинителство мора да се каже дека нема партијата да биде слепа во тоа што се случува и затоа прашува дали изборот кој што ќе се случи во понеделник не е завршен предвреме.

Ова е само надоврзување на скандалот во врска со Судскиот совет од Гостивар, каде од изборот на Зоран Теофиловски, судија од Гостивар и зет на сестра на екс претседателка и 12 години член на Судскиот совет, Александра Зафировска, за нов член на Судски, на местото на негова роднина, односно неговата балдза.

 

Коронавирус