четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 48
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Спасовски му дадоа полициско обезбедување и возила со флешери на криминалецот Седат Пекер?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Спасовски му дадоа полициско обезбедување и возила со флешери на криминалецот Седат Пекер?

Турскиот наркобос Седат Пекер, на кој од страна на Заев му беше дадено полициско обезбедување и придружба со возила на МВР со флешери кажа дека бил и кај Зоран Заев дома, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Што барал Седат Пекер кај Зоран Заев дома и за што разговарале?

Ако Пекер е криминалец за СДСМ денес, тогаш зошто на истиот тој криминалец му дадоа полициско обезбедување и третман на државник?

Зошто тој криминалец го примаа во нивните домови и со почести беше пречекуван од нивните функционери?

Каква работа имаше СДСМ и Зоран Заев со криминалецот Седат Пекер кој три месеци престојуваше во Македонија?

Со што го задолжил Пекер Заев и Спасовски, кои кога притисокот станал преголем наместо да го протераат во Турција каде се баеа со потерница го протерале во Косово и дефакто го заштитиле од одговорност?

СДСМ криминална и Заев да одговорат. Од одговорност нема да избегаат. Бродот тоне, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија