понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 150
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ја уназадува државата во секој поглед, а Договорот со Грција со кој толку многу се фали е најголемиот капитулантски чин во историјата на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ја уназадува државата во секој поглед, а Договорот со Грција со кој толку многу се фали е најголемиот капитулантски чин во историјата на државата

Република Македонија со Зоран Заев на  власт е претворена во приватна сопственост на картелот на власт. Државата е ставена во функција на функционерите на власта и нивните фирми, кои од Буџетот ги исцицуваат парите на граѓаните, стои во денешната рекација на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Зоран Зaев.

-Државата не може да тргне ниту милиметар кон ЕУ  и НАТО, се додека Република Македонија е  најспомнувана држава во светот по криминал и корупција. Нема еден светски медиум кој не изрази разочарување за криминогеноста на власта. Тоа е показател колку е уназадена државата откако Заев и СДСМ  се на власт. Зоран Заев ја уназадува државата во секој поглед. Договорот со Грција со кој толку многу се фали е најголемиот капитулантски чин во историјата на државата. Ниту еден обид нема да ја промени реалноста дека  договорот е штетен за Република Македонија и нејзините граѓани. Заев прифати промена на името за севкупна употреба, промена на јазикот, идентитетот, кодовите и уште голем број други отстапки, кои се на директна  штета на Република Македонија. Заев создава  држава базирана на поделби и на криминал. Криминалот царува на секаде, од улиците до државната управа и самата влада. Криминалот е првото име на оваа влада. Република Македонија може да тргне напред, само кога криминалот ќе биде победен. СДСМ нема капацитет да ја води државата  и мора да си замине, во интерес на државата и граѓаните, истакнуваат од партијата.