вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните, болниците се полнат поради негрижата на власта

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните, болниците се полнат поради негрижата на власта

Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните. Зоран Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само во февруари годинава во земјава е согорен 40.000 тони кокс. Додека граѓаните се трујат некој заработил 12.000.000 евра. Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат кои фирми и кој им дал дозвола да го внесуваат и горат отровниот отпад од цел свет. Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Куманово и Кавадарци тонат во отровен смог, а власта вели дека воздухот е чист. Болниците се полнат. Загаденоста во урбаните средини во раните утринси часови кога нема фреквенција на возила е и до 15 пати над дозволеното. Отровните ПМ10 честички ги трујат граѓаните. А власта не само што не прави ништо туку и го скори најмалиот буџет за екологија до сега. Негрижата за здравјето на луѓето е евидентна, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта се грижи само за бизнис интересот на олигарсите на власта.

Коронавирус