понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 100
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е во калта, колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е во калта, колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање

СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев. СДСМ паѓа заради младите кои забрзано ја напуштаат државата и заминуваат во странство, да работат и живеат. СДСМ паѓа заради сите неправди и сиромаштијата во која ги втурнаа граѓаните. СДСМ паѓа затоа што затвораат и малтретираат недолжни граѓани. СДСМ паѓа затоа што ги изневери граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Зоран Заев е во калта. Колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани. Ќе има повисоки плати и сигурност за вработените.
ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи подобро здравство, образование и наука.“

Сплотени и со чиста мисла Македонија мора да се крене од пепелта. Ќе ја обновиме Македонија. Ќе обновиме се иќе ја поставиме државата на здрави темели. Потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат во историјата, потенцираат 0д ВМРО-ДПМНЕ.