петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е исплашен од претстојниот изборен пораз затоа што знае дека тоа ќе значи крај на амнестијата на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е исплашен од претстојниот изборен пораз затоа што знае дека тоа ќе значи крај на амнестијата на криминалот

Зоран Заев е исплашен од претстојниот изборен пораз затоа што знае дека тоа ќе значи крај на амнестијата на криминалот и отворање на сите коруптивни скандали на власта, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР, ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз. Дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните. стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан и надвор од сите правни пракси, каде за истото е потребно да се усогласиме со препораките од ОБСЕ. Манипулирањето дека сега ВМРО-ДПМНЕ е виновен што Заев не може да исполни едно ветување со кое што ги лажеше граѓаните пред 2016 година е само уште една во низата измами, се вели во реакцијата на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече поднесените 600 амандмани. Наместо лицемерни изјави очекуваме Заев да им се извини на помалите коалициски партнери кои ги измами и да го повлече предлогот. Кога не успеа достоинствено да владее, очекуваме барем достоинствено да се повлече после поразот што го очекува, му порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус