понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 76
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е фатен во криминал, со него Македонија нема иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е фатен во криминал, со него Македонија нема иднина

Зоран Заев и СДСМ ги изневерија земјоделците. Во 2016-та ги лажеа дека ќе им обезбедат загарантиран откуп, загарантирани пазари и пласман и интервентен фонд кој ќе ги помага земјоделците секогаш кога има некоја природна непогода или нарушување на пазарот. Се што кажаа се излажаа. Затоа народот не им верува во лагите кои сега ги кажуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Заев кога можеа, не направија ништо за граѓаните. Напротив беа посветени на криминалот, корупцијата и рекетот. Народот слушна како се пазарела правдата, како се носени торби со 6 милиони евра кои завршувале кај Зоран Заев. Тој диктирал истражни постапки и кажува кои судски процеси треба да паднат.

Затоа осиромашуваа и земјоделците и работниците, и младите и старите, додека кланот Заеви се богател. Заев е фатен во криминалните шеми, со него Македонија нема иднина.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова“-порачаа од партијата!

Коронавирус