среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ жестоко „удри“ по даночната политика на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ жестоко „удри“ по даночната политика на СДСМ

Даночната политика на СДСМ предизвикува даночна евазија и одлив на капитал и алокација на фирма од државата во земјите во регионот. Се повеќе граѓани своите приходи ги добиваат на сметки на некои земји од соседството, а фирмите ги селат своите седишта надвор од државата, рече Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

-За сето тоа е виновна власта која воведе прогресивен данок. Нина Ангеловска сама призна дека ефектите од прогресивниот данок се лоши и дека нема ниту еден позитивен ефект. Прогресивниот данок треба да се укине и да се врати рамниот данок. Ставањето во мирување на мерката прогресивен данок за само три години е најголема грешка која создава правно економска несигурност кај инвеститорите и граѓаните. Бизнисите кои што се преселиле во странство и граѓаните кои отвориле сметки во други држави нема да се вратат во Македонија, кога знаат дека за три години повторно ќе треба да плаќаат повисоки даноци. Штетите врз економијата веќе се гледаат, помала наплата на данок за добивка за 50 проценти, даночна евазија, селење на капитал како и заобиколување на Македонија од страна на мултинационалните корпорации, е само дел од штетните политики на оваа власт. Власта ја прави државата екстремно неконкурентна во однос на земјите од регионот и со тоа го оневозможува нејзиниот развој, истакна Васев.

Токму затоа и од тие причини ВМРО-ДПМНЕ ќе го укине прогресивното оданочување и ќе го врати рамниот данок со првото доаѓање на власт, додава тој.

Коронавирус