четврток, 22. август 2019. Вести денес: 136
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството е на ниво на клиничка смрт, смената на СДСМ е единствен начин државата да излезе од ќорсокак

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството е на ниво на клиничка смрт, смената на СДСМ е единствен начин државата да излезе од ќорсокак

СДСМ се плаши од народот и затоа бега од избори. СДСМ знае дека ќе изгуби поради сите антидржавни политики кои ги спроведоа изминативе две години со кои ја понижија државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Република Македонија во континуитет тоне со оваа власт и токму затоа СДСМ треба да смогне сили, да го стави државниот над партискиот интерес и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет. Смената на СДСМ е единствениот начин како државата да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа. Сите сегменти од општеството тонат. Здравството е на ниво на клиничка смрт. Секојдневно ни умираат пациенти од болести кои современите држави ги третираат со едноставни терапии или целосно ги искорениле, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека состојбата е алармантна, а власта ништо не презема.

-Парите од здравството наместо да завршуваат за подобрување на здравствените капацитети, одат за милионски набавки за фирми блиски до врвот на власта, фирми каде газда е таткото, а ќерката директор на болница и фирми кои се основани непосредно пред да биде распишан огласот. Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. СДСМ тоа не може да го овзможи. СДСМ мора да си замине, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.