четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 172
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните кои секојдневно дишат отров наместо чист воздух, нема никакво значење за СДСМ, Заев и Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните кои секојдневно дишат отров наместо чист воздух, нема никакво значење за СДСМ, Заев и Шилегов

Република Македонија со месеци се гуши во загаден воздух, а СДСМ максимално го игнорира овој проблем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Здравјето на граѓаните кои секојдневно дишат отров наместо чист воздух, нема никакво значење за СДСМ, Зоран Заев и Петре Шилегов. Нивото на канцерогени ПМ10 честички во воздухот е неколкукратно над дозволеното, а власта мува не ја лази. Веќе неколку месеци мерните станици во неколку скопски општини не работат. Наместо мерки против загадувањето СДСМ предлага мерки против граѓаните од сиромашните и средните слоеви. СДСМ, Заев и Шилегов не се способни да решат еден проблем и затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага неколку мерки за справување со загадениот воздух. Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост.

-Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците. Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето. СДСМ ја завива државата во црно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и деструктивна политика на СДСМ и Заев да се придружат на денешниот протест во 17 часот од плоштадот ВМРО до Владата на Република Македонија. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора веднаш да си замине, порачуваат од партијата.

Коронавирус