среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заради Заев и тендерите на Рашковски дизелот ќе поскапи за 4 денари трајно

ВМРО-ДПМНЕ: Заради Заев и тендерите на Рашковски дизелот ќе поскапи за 4 денари трајно

Заради Заев и тендерите на Рашковски дизелот ќе поскапи за 4 денари трајно. Заев со ребалансот на буџетот предлага воведување на нова давачка за дизел горивата од 4 денари. Тоа се 4 нови денари, кои трајно ќе ја зголемат цената на дизелот. Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Заев ја втурна државата во долгови, а данокот на дизелот има за цел покривање на долговите и дупката во буџетот која ја направи Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Државата тоне во долгови, затоа што парите наместо да се трошат за капитални инвестиции, се трошеа за тендери за набавка на непотребни работи, или со преплаќање на потребни ствари. Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Рашковски со државни пари си го купувал сопствениот патент, затоа што Ден Дончев трпаше туциња пари во торба, затоа што преку тендери се набавуваа противпожарни возила со скали двојно поскапи од тоа што плаќале државите од регионот. Народот ќе плаќа за да ги покрие глупостите на власта, истакнуваат од партијата.

„54 милиони евра народни пари секоја година ќе се собираат со новиот данок на Заев на дизелот.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ!

Коронавирус