петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заради СДСМ и ДУИ Македонија има двоцифрена инфлација, таа не е увезена, туку создадена е од криминалот на власта

ВМРО-ДПМНЕ: Заради СДСМ и ДУИ Македонија има двоцифрена инфлација, таа не е увезена, туку создадена е од криминалот на власта

Заради СДСМ и ДУИ Македонија има двоцифрена инфлација, таа не е увезена, туку создадена е од криминалот на власта, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Инфлацијата во Македонија е 10.5% цените ги изедоа платите на граѓаните. И народот е посиромашен сега во споредба со лани. За инфлацијата придонесе покачената струја за 30%, која е покачена затоа што не се произведува дома, туку се увезува од надвор, а не се произведува затоа што власта крадеше во РЕК и ЕЛЕМ. Покачено е цената на парното, затоа што власта не се обезбеди со евтин енергенс на време, како што го сторија тоа земјите од регионот. Поскапен е лебот и брашното и до 100% затоа што годишно увезуваме и до 60.000 тони пченица, а увезуваме затоа што го уништија земјоделието, велат од партијата.

Од таму додаваат дека иста е причината и со зголемените цени на маслото за јадење, за чие производство сме зависни од увоз на нерафинирано масло од надвор.

-Имаме инфлација затоа што власта е неспособна. Народот страда, затоа што функционерите во владата крадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус