четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Законот очигледно не важи за Зоки Поки, Кики, Фрики и Шеки, ниту за Костадинов и останатите инволвирани во милионските проневери

ВМРО-ДПМНЕ: Законот очигледно не важи за Зоки Поки, Кики, Фрики и Шеки, ниту за Костадинов и останатите инволвирани во милионските проневери

Селективната правда е неправда, а во Македонија гледаме дека главата на октоподот е недопирлива и се што прави системот е обид да се покријат трагите кои што водат до Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Законот очигледно не важи ниту за Зоки Поки, ниту за Кики, Фрики и Шеки, ниту за Костадинов и останатите инволвирани во милионските проневери и злоупотреби на Катица Јанева и невладината организација на Боки 13. Пролонгираното апсење на Јанева е само излезен план за избегнување одговорност на Зоран  Заев. Заев е премиер на Република Македонија, под чија директна ингеренција се наоѓаат сите безбедносно – финансиски истражувачки служби, тие морале да знаат за милионскиот рекет врз десетици бизнисмени кој траел со години, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека доколку без Јанева не можело да дојде до милионското рекетирање во случајот Империја, без знаење на Заев  тоа не можело да се одвива со години.

-Институциите на системот ја толерирале Јанева и нејзините извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец. Тоа индицира само на едно, рекетот бил вршен во корист на Заев.         Потребно е итно проширување на истрагата. Без проширување на истрагата кон Заев, оваа операција на ЈО   е само обично дефокусирање на јавноста. Владеење на правото ќе има само кога Заев и неговите соработници ќе одговараат за криминалот, велат од партијата.