недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за ги спаси сопствените криминали ја држи во заложништво целата држава

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за ги спаси сопствените криминали ја држи во заложништво целата држава

Зоран Заев и СДСМ се плашат да се соочат со одговорноста и затоа бараат начин да ги одложат изборите. За да се спаси самиот себе и сопствените криминали Заев е подготвен во заложништво да ги држи и граѓаните и Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Законот за Јавно обвинителство е во спротивност на Уставот, експертските мислења и кривичната материја. Тој единствено е добар за Зоран Заев и СДСМ, а причината за тоа е да не одговара за заробеното правосудство, политичкиот прогон и аферите и криминалите.

-Секојдневно на површина излегуваат милионски криминали и афери на луѓе блиски до Зоран Заев и СДСМ, но се уште не е процесуиран ниту еден случај. Сите видоа и слушнаа како врвот од СДСМ уценува, рекетира, прави криминал, но не и правосудните органи. Никој во Македонија не верува дека не се процесуираат случаи против функционерите од власта без Заев да врши влијание врз сервилните судство и обвинителство. Исто како што никој во Македонија повеќе не верува дека сме прогласени за најкорумпирана држава во Европа и хибриден режим, а Заев да нема никаква вина за тоа. СДСМ и Зоран Заев се во паника и очајно им е потребен изговор со кој ќе избегаат од соочување за сите злодела, порази и понижувања во изминативе години. Сакаат власт по секоја цена и бегаат од правдата, затоа и трет пат за краток период уценуваат со одложување на изборите. Република Македонија повеќе не смее да биде заложник на партиските и криминалните интереси на СДСМ и кланот Заеви. Македонија мора да добие закон кој ќе гарантира вистинска борба против корупцијата и криминалот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека неопходно е законско решение донесено со консензус во кое ќе бидат внесени мислењата на експертската јавност.

-Затоа законот мора да биде дело на експерти и професори по уставно и казнено право од Правниот факултет кои имаат релевантност, искуство и знаење. Таквиот закон ВМРО-ДПМНЕ безрезервно и без двоумење ќе го прифати. Мора да се стави професионализмот над партиските и бизнис интересите. Граѓаните и Република Македонија повеќе не смеат да бидат заложници за задоволување на криминалните бизнис интереси на Заеви. Заев и СДСМ донесоа само криминал, порази и погазено достоинство и мора да се соочат со сите злодела кои ги нанесоа. После 12-ти април следува обнова на Македонија, а потоа ќе следува и одговорност. Зоран Заев никогаш повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус