вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 67
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше живот, а донесе режим и корупција во Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше живот, а донесе режим и корупција во Република Македонија

Странските инвеститори ќе ја заобиколуваат Македонија, младите ќе бегаат, а Европската Унија ќе остане само желба бидејќи криминалците од власта заглавија во корупција, а институциите се само извршители на хибридниот режим. Заев ветуваше живот, а донесе режим и корупција во Република Македонија. На листата на Транспаренси Интернешнал, Република Македонија се најде на 106-тото место. Македонија е во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска. Токму овој податок говори дека власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски штити криминал и тоне во корупција, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Македонија предводена од Зоран Заев бележи фрапантен пад за 13 места според Индексот на корупција, со што само се потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата и рекетирањето ескалира, а институциите молчат и не преземаат ништо. Тоа се случува бидејќи институциите се под огромен притисок на рекетарската власт. Во Македонија секојдневие стана кршењето на законите, селективната правда и узурпирањето на институциите. Државата мора да застане на нозе, мора да се справи со корупцијата. Тоа ќе се случи по 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Тогаш ќе започне долгоочекуваната обнова на Република Македонија.“

-Сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат пред лицето на правдата, ќе се стави еднаш за секогаш крај на криминалните банди. Граѓаните заслужуваат да живеат мирен и квалитетен живот. Поради ова на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.