сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 93
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веќе нема кредибилитет да биде премиер на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веќе нема кредибилитет да биде премиер на Република Македонија

После денешното рочиште Зоран Заев веќе нема кредибилитет да биде премиер на Владата на Република Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Човек кој барал по едно евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата не може да  биде на функција. Ваквото коруптивно однесување отвора простор за уцени на политичарот кој потоа може да прави концесии на сметка на државните и национални интереси само за да се спаси себе си. Oчигледно е дека бил побаран поткуп и целата јавност е сведок дека од страна на Заев на бизнисменот му биле посочени предмети кои и претходно биле завршувани на тој начин. Без разлика на тоа дали Јавното обвинителство и судот ќе соберат храброст да се ослободат од политичките стеги и притисоци од страна на власта, односно дали ќе го истераат случајот до крај, јасно е дека во политиката нема место за корумпирани лица, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус