вторник, 3. август 2021. Вести денес: 98
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси

Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции. Зоран Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев не запира со политиките кои се спротивни на државните и националните интереси, но судовите за тероризам и уривање на уставниот поредок ги гонат оние кои имаат храброст јавно да му се спротивстават. Повеќе од три месеци, македонски патриоти во конструиран и монтиран политички процес без основ лежат по затворите или во куќен притвор. Мукоски, Василевски, Чавков и останатите се жртви на власта предводена од СДСМ и се соочени со апсурдно обвинение за тероризам. Ваков монтиран процес во Македонија, во досегашната историја е незабележан, стои во партиското соопштение и се додава:

„Ова дело е класична политичка хајка водена од власта и има за цел да ги замолчи сите оние кои не се согласуваат со антидржавните политики на СДСМ и Зоран Заев. Македонија е единствената земја во Европа каде интелектуалци, актери, режисери и доктори се обвинети за тероризам. Правосудните органи мора да се ослободат од слугувањето на наредбите на власта на СДСМ! Правосудните органи мора да почнат да делуваат според законите и Уставот на Република Македонија. Правосудството мора да се врати на вистинскиот пат“.

Зоран Заев и СДСМ, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да бидат свесни дека во оваа земја секогаш ќе постојат луѓе, патриоти, кои ќе се спротивстават на секоја штетна и антидржавна политика со која се уништува Република Македонија.

-Со политички затвореници низ затворите во Македонија нема напредок. Прогонот на луѓето кои се против политиките на СДСМ мора да запре. Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа, се потенцира во соопштението.

Коронавирус