петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се пресметува со политички неистомисленици, правосудните органи да престанат да бидат под влијание на СДСМ

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека правосудните органи мора веднаш да го стопираат овој прогон и веднаш да престанат да бидат под влијание на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ: Заев се пресметува со политички неистомисленици, правосудните органи да престанат да бидат под влијание на СДСМ

Политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно. Наместо живот, дојде беда. СДСМ е без идеја и продолжува со катастрофалните политики во економската сфера, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо Зоран Заев и СДСМ да почнат да ги исполнуваат сите оние работи кои им ги ветија на граѓаните на Република Македонија тој почна да се пресметува со своите политички неистомисленици. Притворени се пратеници и интелектуалци во еден организиран, политички мотивиран судски процес чија цел е да се дефокусираат граѓаните од реалните проблеми со кои се соочува Република Македонија. Обвинети за тероризам се познати интелектуалци, уметници, архитекти, доктори, глумци, пратеници, мајки на малолетни дечиња поради тоа што се осудија да го кренат гласот против погрешните политики на владата на Зоран Заев и СДСМ. Не постои ниту еден основ за притвор бидејќи нема дело туку постои само политичка конструкција. Аргументите се на страна на неправедно обвинетите, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека правосудните органи мора веднаш да го стопираат овој прогон и веднаш да престанат да бидат под влијание на СДСМ.

-Судиите мораат да се стават во функција исклучиво на Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин на Република Македонија. Македонија е единствената држава во Eвропа каде од затвор се ослободуваат лица осудени за тешки кривични дела, а во исто време по судови да се влечат луѓе кои во еден монтиран процес се обвинети за апсурдното дело тероризам. Во интерес на демократијата, правната држава и намерите на Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, овој политички прогон мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус